ВИДЕО: Заев се договори со Касами

Од:

Премиерот Зоран Заев постигна договор со Беса на Билал Касами, потврди портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој не откри за што се договориле Заев и Касами и најави дека ќе следува заедничко соопштение.

Неофицијално, барањата на Беса ќе се регулираат со друг закон, а извори од собраниските клупи за „Макфакс“ велат дека Беса очекува денеска да биде ставен потпис на нивните барања, пред гласањето за уставните измени.

Портпаролот на СДСМ истовремено демантираше дека се врши притисок врз пратениците да гласаат за уставните измени, додавајќи дека никој не им се заканува.

Портпаролот на СДСМ, не знаеше да одговори кога ќе започне седницата која неколку пати во текот на денот се одложува.

Неофицијално треба да започне во 16 часот. Според други неофицијални информации, пак, седницата ќе започне кога ќе замине германската канцеларка Ангела Меркел од Атина.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели: „Кога ќе почне ќе почне”.

Во меѓувреме, најавена е средба на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Заев.

Предлог амандманот на Беса на Касами е „За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот