Заев: СДСМ е цврсто решена да ги врати институциите во владение на граѓаните

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска вечерва се сретна со претседателите на Р.Словенија и на Р.Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, придружувани од амбасадорите на Словенија и на Хрватска во Македонија, Бранко Раковец и Данијела Баришиќ.

На состанокот е изразена голема загриженост за ексалацијата на политичката криза во земјава, посебно по потегот на Ѓорге Иванов со кој направи државен удар врз правниот поредок во Република Македонија.

-Инсистираме Иванов да ја повлече апсурдната одлука, а и самиот тој веднаш да поднесе оставка. Ова не е само суспендирање на Договорот од Пржино, туку и погазување на Уставот и законите. Пред Уставот и законот сите мора да бидат еднакви и никој нема право да ги заштитува криминалците исплашени од Специјалното јавно обвинителство, како што тоа се обидува да го направи Иванов. СДСМ е цврсто решена да ги врати инстититуциите во владение на граѓаните, соопшти претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Zaev so pretsedateli3

Претседателот Заев и заменик претседателката Шекеринска нагласија дека актуелната власт бега од фер избори, но дека во Македонија мора да се спроведат регуларни избори на коишто Македонија, преку слободно изразена волја на граѓаните, ќе добие нова, одговорна и легитимна власт.

-Секој друг развој на настаните од доследно спроведување на нотираните услови за спроведување фер, демократски и регуларни избори, ќе нанесе непоправливи штети врз државата и граѓаните, и за тоа целата вина е кај актуелната власт којашто свесно ја комплицира ситуацијата, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше за можните последници од неодговорното владеење на партиите на власт и на послушникот Ѓорге Иванов, како и за чекорите што планира да ги преземе СДСМ како најголема опозициска партија, во насока на враќање на демократските процеси во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел