Заев: Само со добри мисли и хуманост можеме да градиме заеднички дом

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Во честитката на претседателот Заев се вели:

„Во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до сите православни верници, упатувам честитки со искрени желби за добро здравје, мир и благосостојба.

Славејќи го денешниот ден, уште еднаш ги афирмираме основните човекови вредности на почит, правичност и праведност на кои треба да се базира едно современо и праведно општество. Денот на успението на Мајката Божја потсетува и на суштинското значење на мајчинската љубов и топлина, но и на човечката посветеност и искреност.

Нека денешниот празник биде уште еден поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Тоа е вистинскиот пат, по кој секој Христијанин, но и секој човек треба да чекори.

Само со добри мисли и хуманост можеме да градиме заеднички дом, кадешто меѓусебната почит, разбирање и добрина ќе бидат приоритети.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“