(ВИДЕО) Заев: Сам да го бирав против-кандидатот не можев подобар да изберам

Од:

1.048 нови проекти, 30 нови фабрики, 3.000 нови работни места, продолжување на проектот на гасификација, сала за концерти, железничка жичара, нова противпожарна станица, ново турско маало, три нови детски градинки, 500 илјади евра за невладиниот сектор, а 600 илјади евра за културни манифестации. Ова е дел од проектите во изборната програма на кандидатот за градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

Оваа програма, рече на вечерашната промоција, е пишувана на предлог на граѓаните, а не како што рече од Протуѓер и Бичиклиски како на неговиот против-кандидат Васил Пишев.

„Струмица знае каква била, а каква е сега. Немаме намера никого да поразиме, но ќе им докажеме дека не може со лаги да бараат поддршка. Носат луѓе од цела Македонија и на Прочка ќе донесат овде во Струмица. Трошат народни пари. Ова што го прават е со крадени пари. На брат Љубе му се колнеа. И Пишев му се колнеше, ама сега Васил Пишев мува не го лази“, рече Заев.

На ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари за изборниот слоган „Избери дела“, бидејќи рече Заев, се знае кој има направено дела во Струмица.

„Сам да го бирав против-кандидатот не можев подобар да изберам. Зоран Заев нема друг град, татковина, освен Струмица и Македонија. Јас и моето семејство даноците ги плаќаме единствено во Република Македонија. Да гласаш за Пишев, е како да не ја сакаш твојата општина“, рече пред струмичани, Зоран Заев.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ