Заев: Референдумот ни ги отвора вратите за интегрирање во ЕУ и НАТО

Од:

Голема работа и се случува на Македонија и се што правиме, правиме со голема трудољубивост, упорност и со љубов, истакна претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев на вечерашниот граѓански собир во Демир Хисар.

Тој рече отворени ни се сите прозорци, отворени ни се сите врати за да се интегрираме во ЕУ и во НАТО.

– Конечно после 27 години созреа времето и убеден со во исправноста на одлуката затоа што верувам до небото, верувам дека нашиот народ ќе ја потврди оваа одлука на 30 септември, посочи Заев.

На собирот во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, Заев ги појасни деталите од Договорот со Република Грција.

– Со постигнатиот Договор нашиот јазик конечно ќе биде признат од сите. Македонскиот јазик ќе биде 26. официјален јазик во ЕУ и нашиот јазик ќе биде јазик на ЕУ, според кој ќе се преведуваат сите официјални документи и на македонски јазик, како и на јазиците од другите држави членки на ЕУ и нема повеќе да се случува во европските извештаи кога ни ги испраќаат да пишува „вашиот јазик, вашата држава …, рече Заев.

Со ЕУ и со НАТО доаѓаат европски правила. Европа значи дека и ние треба да бидеме европејци, вистински професионалци со зголемена продуктивност и да им служиме на граѓаните според европски правила. Само на тој начин, ние навистина ќе бидеме продуктивна нација која ќе живее достоинствено и од својот труд.

На средбата со граѓаните во општина Демир Хисар, премиерот Заев одговараше и на поставени прашања и заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија Ирена Стефоска ги повикаа граѓаните на Демир Хисар масовно да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат „за“.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Почина пациент од психијатриската болница во Демир Хисар

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште