Заев разговараше со Волерс за политичката криза во Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, денеска имаа средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс.

Тема на разговорите беше актуелната политичка ситуација во Република Македонија. Американскиот амбасадор, Волерс, се интересираше за лидерската средба и шансите за дијалог помеѓу власта и опозицијата.

Претседателот на СДСМ, Заев, го соопшти ставот на СДСМ, кој е познат и на јавноста во Македонија, дека, основен предуслов за почеток на разговори со ВМРО-ДПМНЕ за сите теми што СДСМ јавно ги презентираше, е договор за формирање техничка влада, којашто ќе спроведе слободни и фер избори.

Амбасадорот на САД, Пол Волерс се интересираше и за тужбата што ја покрена Никола Груевски против претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за обелоденетиот случај Македонска банка.

На средбата стана збор и за меѓуетничките односи во земјава.

Zaev Volers, 27.06.2014, 4

Zaev Volers, 27.06.2014, 3

Zaev Volers, 27.06.2014, 1

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он