(ВИДЕО) Заев: Протуѓер се заканува дека жената и децата на претседателот на ФФМ ќе се најдат во ендек

Од:

На прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимки за кои рече дека покажуваат како се злоупотребувале институциите за партиски цели. Заев објави снимка за која вели дека е меѓу Миле Јанакиевски и Мартин Протуѓер.

„Мајмунов од Фудбалската федерација намерно не пушта карти. Жена му, децата во ендек ќе се најдат. Мајката нивна комунистичка“, вели Протуѓер како што рече Заев.

На снимките, вели Заев се слуша дека Јанкуловска сугерира каде што е тенко со резултатите да не се потпишуваат записници, а Ромите за уши ќе ги носат на гласање во вториот круг, и каде што треба да се испровоцираат и инциденти и потоа опозициски настроените гласачи да се обвинат за насилно однесување.

Јанкуловска од претседавачот на Советот на Град Скопје и од Бордот на директори во Т-мобиле Ирена Мишева, вели Заев, бара ставање вон сила на телефон на СДСМ, а еден спрат од МВР е претворен во штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

1. Разговор на Миле Јанакиески со Ирена Мишева

ИМ: Кажи Миле?
ИМ: Ало, Ало
МЈ: Ало
ИМ: Ej, Кажи
МЈ: Може ли една работа, еден телефон да го ставиш вон употреба?
ИМ: Кој, кажи?
МЈ: Од ЕСДЕЕС, лобира, 306 775…
ИМ: Како?
МЈ: 306 775 да биде исклучен да не работи нешто..
ИМ: Како?
МЈ: 306 775
ИМ: Што има претходно?
МЈ: 070
ИМ: Океј
МЈ: Да го ставиш вон сила, да не можат да вртат…
ИМ: Океј
ИМ: Иначе добро ни оди со институцииве, да знаеш, ќе ти пишам…се слушаме јас и ти…
МЈ: У базата сум
ИМ: Те слушам. Е шо не се секирај, се слушаме со тебе.

2. Разговор на Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: Од Дик го пратија писмо овие шо заебаа работа нашиве, ама не пишале рок за постапување во писмото и у вторник ќе им одговорам.
КБ: Да, де, да.
ГЈ: Да видам ОДИХР како ќе ги оценат изборите, па после ќе им одговрам.
КБ: Вторник, а можеш у месец јуни вторник…
ГЈ: Не, оти ќе има втор круг ќе ме прозиваат, да не биде тоа тема знаеш…
КБ: Да, да
ГЈ: Дека ВРМО нешто крие, ама нека помине понеделник.
КБ: Апсолутно, апсолутно…
ГЈ: И ќе видам шо ќе им одговорам, дали тоа шо прашуваат нешто, или нешто друго ќе размислам…
КБ: Важи, важи…Горде, овој држи го Кире, само знаеш, следи го..и ја го следам…Знаеш со овој другиов се во акција…….
ГЈ: Еве ги кај мене во вакво на 5 метра од местото од кај шо јас и ти разговараме, Кире…хахаха На работа сме си сите ние, кај нас штаб имаме. Мислам, ние имаме два штаба, еден штаб кај мене на спрат, тој е месен комитет на ВМРО околу Центар, све има кај нас, а другиот ни е доле у сала, кај шо доаѓаат амбасадорите, овој, оној и ја повремено таму улетувам, да видат амбасадорите дека све е ок. После си се качувам кај мене на спрат и си работиме партиски работи. Така сме ние организирани.
КБ: Да, да, опасно..
ГЈ: Ако сакаш дојди ни у контрола да видиш како работи кол центарот?

3. Разговор на Миле Јанакиески со Спиро Ристовски

МЈ: Алоо
СР: Абе не ме дупи, една и пол минута те чекам на телефон…Од кабинетот на министерот Јанакиески…Абе јави се на мобилен, не ме…ај…
МЈ: Со тебе да се поврзам, не можам..
СР: Ај кажи
МЈ: Што ни е со оние пензии, завршивме ли работа?
СР: Што?
МЈ: Со тие пензиите проблематични шо беа?
СР: Ко ќе завршиме, тоа не е така лесно…Завршивме со пензионерите, на бања ги сменивме од 13-ти, а овие другиве чекам уште да ми јават…
МЈ: значи како лансирам проблеми, признај, а…

4. Разговор на Гордана Јанкулоска и соговорник

ГЈ: Како е во правна расположението?
С: На нивоо…
ГЈ: Победничко? Имате некои проблеми?
С: Да…вие во МВР?
ГЈ: Ние во МВР, ВМРО МВРО, исто, два штаба имаме…Еден партиски, еден за странците кај што ги носиме…Ич неаме, за разлика од други институции, не се ни устручаваме ништо..Кол Центар имаме у МВР…
С: Убаво…
ГЈ: А, бре..
МЈ: Важи

5. Разговор на Миле Јанакиески со соговорник

С: Еј Миле знам дека ќе идеш нагоре, ја до МВР бев, дојдов кај тебе, и знам дека членови имаат уште едни излезено.
МЈ: Стегајте брат, пуштај ако треба полиција, од дома нека ги зема.
С: Со коли ќе идеме сега. Кол центарот не е веќе ефикасен туку со коли. Од дома.
МЈ: Ајде.

6. Разговор на Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска

МЈ: Гоцо?
ГЈ: Ало?
МЈ: Абе, ми се јави сега овој Горан со автобусите, неколку автобуси од Тетово на технички ги пратиле…
ГЈ: Епа може ги пратиле Миле, сега…И ДУИ е у кампања..Ајде ќе се јавам…
МЈ: Или дај…види шо е?
ГЈ: Абе, знам шо е…Сега..Истото ние шо го праиме, го праат ДУИ…Тоа е..
МЈ: А шо, ги носиме на технички?
ГЈ: Па ние секогаш, кога има митинг било кој на технички преглед им ги праќаме автобусите, да има помалку луѓе.
МЈ: А и ДУИ?
ГЈ: Па сите…ДУИ не носат толку многу луѓе…ама на СДС салата ги праиме…

7. Разговор на Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: Со откажување кога веќе го изедовме ќотекот…
КБ: Да, да..
ГЈ: Знаеш, да беше у некоја порана фаза, океј…Ама сега кога до овде е дојдено, нема шо ние да им се плашиме на нив? Треба дури и да ги навлечеме нешо така агресивно да се испонашаат, некој да ги снима и да ги извадиме…и ќе јадат пријава за изборно насилство…
КБ: Да, да, да…

8. Разговор на Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

ГЈ: Ниноо?
НТ: Молим?
ГЈ: Абе да се искоординираме со каков тон да одиме со избориве,пошто реално има повеќе инциденти отколку првиот круг?
НТ: Да…
ГЈ: Да видиме како да ја фатиме работата, ….
НТ: Види, Ја им реков на сите овие да искачаат со, мирно е, со некои инциденти помали…ваму, таму..
ГЈ: Ја го одложив пресот у 12, пошо не знам како да ја тераме, за у два го презакажавме…
НТ: Да, де, да…Па не…Подобро да нема многу од ваша страна, а? Ок е у 2.
ГЈ: Па затоа се координирам, освен ако ние не одлучиме, дека ни треба да дигаме малку тензија…
НТ: Па не…мислам дека е боље овака…Добро е, мирно…вака, онака…
ГЈ: Има една ситуација у Струмица што не ни одговара…Таму негде тој со кутијата е комуњар, и тоа ќе си го даваме, све. Меѓутоа, има и еден наш, што е сопруг на директорката на затворот, него го препознаваат, сега јак доказ нешто нема…Пукал во воздух..
НТ: А тој ли е тој шо пукал, да му ебам мајката?
ГЈ: Да, е сега ќе видиме таму како ќе биде…Сега кој знае со шо..Ќе видиме на крај може да му пуштиме прекршочна за со гасен пиштол,
НТ: За нарушување на јавен ред и мир…
ГЈ: Нешо така… Дека не пукал кон избирачко место, пукал у воздух…ама у моментот чисто да имаш у предвид..
НТ: Да му се јавите, да му кажете дека ќе му ја ебеме мајката…ако напраи уште нешто..
ГЈ: Само таа ситуација не ни одговара…другово се комуњари приведени, во Кочани многу.

9. Разговор на Гордана Јанкулоска со Васил Пишев

ГЈ: Ало?
ГЈ: Васе, како ситуација?
ВП: Абе, добро е тука, ама се топи тоа…
ГЈ: Види, му кажав на Славе, таму кадешто мислите дека е тенко, не пишувајте записници, остајте простор за приговор, неаме контрола таму, остајте простор па после за уши циган по циган ќе ги вадиме…Сега мора така, оти затворени се избирачките места…Океј Васе…
ВП: добро, добро.

10. Разговор на Гордана Јанкулоска со Славе Ѓошев

СГ: Тава шо го направииме, ќе имаме и втор круг, ќе видаме дефинитивно според записниците..
ГЈ: Значи не е прв поминат?
СГ: Нееее…Како ќе нема, нашите веќе слават..
ГЈ: Тие се кај Ромите?
СГ: Две се кај Ромите, две се уград кај шо имаме влијание, можеме да…
ГЈ: Ако е кај Ромите, за уши ќе ги носиме, не смее да писне…Битно не помина у прв?
СГ: Еве ги нема низ град…Тоа е тоа..
ГЈ: Па кажи бе Славе, само кога имате мака се јавуваш, да му се сневиди..
СГ: Абе шефице, слуши, јас не сум Силвана Бонева, хехех
ГЈ: Нема гајле, ептен ми е мерак за вас…посебно

11. Разговор на Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески

ГЈ: Молам?
МЈ: Песталоци, викаат дека се затворени со полиција и само таму нема да земеме избирачко место?
ГЈ: Чекај да видам со Ристе, имаше нешто, ама..?
МЈ: Се јавив на Ристе, не знае, сега проверува…
ГЈ: Епа не, јас со него треба да проверам, не ми кажува, сега гледам заминал отворил врата…
МЈ: Слушај Центар како е? 180 губиме
ГЈ: Добро.
МЈ: и имаше неважечки, 917, другите има околу 100…
ГЈ: Поништете ги со Ристе тоа збориме, нешто да поништете…

12. Разговор на Миле Јанакиески со Мартин Протогер

МЈ: Ало?
МП: Ало?
МЈ: Молам
МП: Овој мајмунов од Фудбалска федерација намерно не пушта карти за утакмицава, за да не се напуни стадионов.
МЈ: Му кажав на тој шо му е чоеко, денес за тоа праев муабет..ако не објават до понеделник…
МП: Ако не објават до понеделник, кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат…Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка нивна..педерска…
МЈ: Ај чао..
МП:Ај…

Би можело да ве интересира

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски

Дојава за бомба во Нови Пазар, евакуирани се ученици од основно училиште

Горан Наумовски