(ВИДЕО) Заев: Протуѓер бара од Стојменов да пушти емисија без тон и со пречки

Од:

На прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимки за кои рече дека шефот на Кабинетна премиерот, Мартин Протуѓер забранува емисија на Канал 5, се договара интервју на Груевски на МТВ, и за како што рече сервилноста на Драган Павловиќ Латас.

Заев посочи дека Емил Стојменов го информирал Протуѓер дека е снимена емисија за Викиликс, а Протуѓер му сугерира:

Пуштете ја емисијата со лош тон, со пречки за да не може да ја гледаат.

На една од снимките вели Заев, Влатко Мијалков договара со Мартин Протуѓер интервју на Никола Груевски за МТВ.

Заев пушти и снимка за која вели дека е меѓу Драган Павловиќ Латас и Зоран Коњановски, на која Коњановски вели дека ја гледа емисијата на Ивона со премиерот.

Разговор помеѓу Мартин Протоѓер и Емил Стојменов

ЕС : Ало

МП: Ее Емил..

ЕС: Што праиш Мартин, добар?

МП: Добро, добро еве последен ден и така..

ЕС: ..аха аха, да знам дека си у гужва …тоа цело време праиме, размислуваме со ова шо ќе праиме, со емисијата на овој вечер разбираш..

МП: ..Аха

ЕС: .. и сеа они нешто начуле, овој се влечка не ја носи уште емисијата, се заканува демек ова она, ние не сме му кажале дека нема да му ја емитуваме ..

МП: ..мхм мхм

ЕС: И праиме некои финти, иначе најавите ги дал за емисијава…

МП: ..мхм..

ЕС: Му се за Викиликс ова, разбираш, најновото што е со ова..

МП: ..мхм мхм

ЕС: Второ најава му е нешо шо новата влада шо ќе победела и кој на кого ќе му даде пета во понеделник, разбираш..

МП: ..мхм мхм

ЕС: И он си ја напраил наменска веројатно емисијата сеа, сигурно е тоа..

МП: Можете да ја пуштите со лош тон емисијата, со пречки/

ЕС: Слушај, ќе смислиме нешто и ќе ди кажам до вакво.. дури мислев и струјава да ја исклучам во телевизијава нек си е… мајката, разбираш… Ајде ќе смислам нешто и ќе ти кажам, мислиме, да видиме нека ја донесе..

МП: Не бе не, нека се пушти со пречки, со лош тон, луѓево да не можат да гледаат и ќе сменат кога ќе видат..

ЕС: Важи, важи ќе напраиме нешо..уживај

МП: Важи друже фала ти многу фала, чао чао.

Разговор помеѓу Мартин Протоѓер и Влатко Мијалков

МП: Ало. Брат не е доста бе ја сум во кола идам накај штаб, до сега ги вадев..

МП: Јас сум .. сега ќе ти кажам.. вестите на Сител се затворени, овие од 6 шо почнуваат, Канал 5 више се на крај вестиве еве ја ги глеам сеа, следните вести на Канал5 се во 7 ипол и чуваме во случај нешто ново да не излезе дополнително да вакво.. а на следните вести шо ќе се на Сител ќе биде шефот гостин до полноќ, значи ќе почне накај 10 саат и ќе биде до полноќ. Евентуално на МТВ да им ги пуштиме..

ВМ: Јас ги носам и ти ги давам во штаб си?

МП: Да да у штаб сум

ВМ: Јас ги носам и ти ги давам и да знаеш дека ќе прочиташ и содржина и све и имиња и презимиња се таму..

МП: Важи важи

ВМ: На располагање ти се, види како ќе ги уклопиш шо ќе уклопиш може добро да се.. оставам на тебе

МП: Важи важи ја ќе глеам преку МТВ некако да се вакво..

ВМ:Ти ги носам ако се уклапа у концепција ти ги носам може да биде добро..

МП: Важи важи..

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Зоран Коњановски

ДПЛ: Кажи Зоки?

ЗК: Ај добро вечер..

ДПЛ: Шо праиш бе добро вечер..

ЗК: Добро еве го глеам премиерот…

ДПЛ: Ја не сум го глеал овој опуштен и конкретен во задњиве 5 години вака..

ЗК: Супер е, многу добро и Ивона ја води емисијата и добро му оди на премиерот

ДПЛ: И визуелно добро,амбиент има добар, го глеам она на А1 како у шупа да е..

ЗК: Ја само свртев видов цело време наместо Рада празното столче го кажува..

ДПЛ: Не не второ и визуелно и негативна енергија има у студиото многу..

ЗК: Зелено хахаха

ДПЛ: Да да да..

ЗК: Шо праиш ти?

ДПЛ: Нишо бе еве се одмарам сеа завршив све..чекаме да видиме у недела

ЗК: Бомбардираш, ќе те зеам во одбрана

ДПЛ: хахахаха ..Па види ја тоа као природен амбиент го осеќам..

ЗК: Јас на мојве им викам последниве два дена од министер за одбрана станав министер за напад па ќе го зеам и Латас сеа..

ДПЛ: Хахахах ама види ние сме тие 5-6 души, озбилно ти кажувам, ја и на Мартин му викам 10 души е цел тим, е… толку пари отидоа вработувања, привилегии, патувања по странство, п… ручкови и па 10 души…

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски