Заев: Признавањето на важноста на ромскиот јазик треба да биде дел од напорите за спречување на сите видови дискриминација

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска преку видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на ромскиот јазик, 5 ноември. Тој ги посочи како два клучни момента признавањето на важноста на ромскиот јазик и поддршката на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата заедница, како и издавањето 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демиртоа во 2019 и почетокот на 2020 година.

-Славењето на толеранцијата и почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност, за нас во Република Северна Македонија претставува признавање и почитување на разноличностите во нашата држава низ историјата до денес, и во иднина. Кога УНЕСКО го прогласи 5 ноември како Светски ден на ромскиот јазик во 2015 година, ни даде уште една причина повеќе да ги славиме и чуваме ромскиот јазик и култура, за да ја препознаеме важноста и еднаквоста на сите јазици. Ромскиот јазик е официјален јазик на сите Роми во светот, збогатен со историски процеси на миграции и широк спектар на влијанија. Признавањето на важноста на ромскиот јазик, во исто време, треба да биде дел од пошироките напори и акции за спречување на сите форми на дискриминација, како и за поддршка на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата заедница, наведе Заев во обраќањето.

Според него, во одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, сите застануваме со ромскиот народ и ја славиме културата на Ромите како дел од богатството на целото човештво.

-Клучна улога во овие процеси има образованието за да обезбеди можности за учење на историјата и културата на различностите во сопственото и во другите општества. Во таа насока е и публикувањето на Граматиката на современиот ромски јазик која има за цел да придонесе и во стандардизацијата на литературниот ромски јазик. Припадниците на Ромската заедница од Република Северна Македонија имаа пресудна улога во официјализирањето на ромскиот јазик во мапата на јазиците на народите на светот со иницијативата и со делото на професорот Јусуф Шаип. Тој го посвети целиот живот на стандардизација на ромскиот јазик и за негово вклучување во образованието, рече премиерот.

Тој потсети дека , во духот на зачувување на ромскиот јазик, со финансиска поддршка на Владата во 2019 и почетокот на 2020 година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир. Македонско-ромскиот речник содржи повеќе од 10.000 зборови.

-Денес, кога го одбележуваме славењето на ромскиот јазик на тоа треба да гледаме и како потреба и да се креираат позитивни приказни за едно инклузивно општество еднакво за сите и за иднината“, порача премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Истражување: Над 90 отсто од Ромите не поднесуваат жалба на добиено негативно решение поради недоверба во институциите

А1он