Заев прими во посета дваесетина млади луѓе од повеќе земји од регионот по повод австриското претседателство со ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер, во свечената сала во Владата прими група од дваесеттина млади луѓе, кои во организација на Европското движење – Нови Сад, Европскиот фонд за Балкан и амбасадата на Република Австрија во Македонија, сè на турнеја низ Балканот по повод австриското претседателство со Европската Унија.

Поздравувајќи ги присутните, премиерот Заев порача дека Балканот веќе е сменет, и веќе се затвораат сите отворени прашања во насока на обезбедување подобра иднина на младите генерации во државите од Западен Балкан.

Искажувајќи надеж за продолжување на овие процеси под раководство на Република Австрија и нејзиното раководење со Унијата, тој сподели позитивни впечатоци од средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, на која, како што рече, посведочил посветеност од канцеларот Курц за поддршка на новите реформски текови во земјите од Западен Балкан.

Премиерот Заев посебно се осврна на постигнатите договори со Република Бугарија и Република Грција за кои како што рече, се плод на пријателство и помирување, а сепак ја гарантираат посебноста и разликите на нашите народите.

„Се надеваме дека ќе направиме подобра иднина за нашите деца. Нашата цел е Европската Унија. Веруваме во европските вредности, можеби повеќе и од некои земји членки на Унијата. Да се верува во стабилност, безбедност, силни институции, кои ќе ги изградиме заедно со вас младите, значи да се верува во иднината“, рече премиерот Заев на средбата.

Амбасадорката Коблер, обраќајќи се пред присутните, истакна дека присуството на премиерот Заев на денешната средба е знак на поддршка на овој проект, и дека тоа е знак дека премиерот Заев е на иста линија со младите луѓе кои шират европски вредности на помирување.

Во текот на средбата присутните низ разговор со премиерот Заев се интересираа за повеќе актуелни теми од состојбите во Република Македонија и регионот.

Во текот на средбата на премиерот Заев му беше пренесена порака дека има силна поддршка од младите луѓе од земјите од Западен Балкан и Европа за чекорите што ги презема во насока на решавање на чувствителните прашања кои го оптоваруваат регионот.

Исто така беа пројавени иницијативи за поголемо вклучување на младинските организации во имплементирањето на постигнатите договори, кои ќе придонесат за зголемување на позитивните ефекти и аспекти, посебно од постигнатиот договор со Република Грција, преку вмрежување во заеднички проекти во насока на интензивирање на соработката во повеќе сфери од општеството.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати