(ВИДЕО) Заев: Претстои период кога ова лудило мора да заврши

Од:

На 2-годишнината од Црниот понеделник, членови на опозициските партии денеска, пред Собранието на РМ поставија импровизиран споменик на смртта на демократијата, на кој е претставено тепањето на пратениците во собраниската сала на 24 декември, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, постави и еден пакет со тоалетна хартија.

„Две години по смртта на парламентарната демократија во Македонија, пред овој споменик на Црниот понеделник, порачуваме – ќе и ставиме точка на намерата на власта да продолжи до конечна пресметка со слободата на говорот, демократијата, со слободата на избор на граѓаните“, рече Заев.

Никој, посочи, да нема дилема дека СДСМ и опозицијата ќе го дозволат уништувањето на Македонија.

protest24dek

 „Претстои период кога ова лудило мора да заврши. Очигледно за оваа власт не се доволни ниту протести од десетици илјади луѓе на улиците, да ја убедат оваа власт барем да разговара за проблемите. Граѓаните веќе препознаваат колку е добро или лошо, само кога ќе го погледнат новчаникот. Нема веќе лажење“, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

protest24dek1

„Денес на сите им е јасно дека имаме власт којашто 100-процентно владее за своите потреби и за потребите на бизнисите на врвот на власта, којашто креира политики и закони, со што си ја одржува позицијата, на сметка на сиромаштијата на народот“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски