Заев: Преспанскиот договор вредеше затоа што станавме членка на НАТО и нѐ донесе поблизу до ЕУ

Од:

Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ!, напиша на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Вредеше, посочува Заев, затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни.

-Вредеше затоа што Преспанскиот договор нѐ донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство. НАТО и ЕУ се наша силна поддршка за развој, но и за соочување со предизвиците и опасностите како што е коронавирусот. Изминатиот период добивме голема помош и поддршка од нив, истакнува Заев.
Вредеше, како што вели, затоа што денес имаме соседи кои силно нѐ поддржуваат. Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не нѐ блокира, туку и го помага нашето забрзано интегрирање.

-Вредеше затоа што обезбедивме сигурна иднина за нашите деца, развојна економија и нови партнерства и пријателства. Дадовме значаен придонес за стабилноста во регионот и станавме светол пример за сите. Продолжуваме напред!, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите