Заев: Повторувањето на екстерното тестирање е катастрофа

Од:

Повторувањето на екстерното тестирање, не по вина на учениците, туку поради процедурални грешки на Министерството за образование, кое е организатор на тестирањето, е катастрофално и горчлива последица на новиот бран на промени на власта, смета лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Новиот бран од ВМРО ДПМНЕ, еве, какви последици носи. Знаете колкав беше стресот кај учениците во основното и средното образование со екстерното тестирање и се надевам дека вакви работи во иднина нема да се случуваат. Ова е катастрофално. Да се повтори екстерното тестирање, не по вина на учениците, туку од процедурални грешки на министерството за образование како организатор на екстерното тестирање, е навистина катастрофално. Еве, дечињата се веќе на распуст, како тоа ќе им го објасниме на нивни години дека е добро за нив. Но, новиот бран на промени еве какви резултати носи, најверојатно тоа е причината, бидејќи ова е едно од министерствата каде што се случуваат промените, но сепак се надевам дека целиот процес ќе помине безболно – порача лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација