Заев повторно го повика Зврлевски да си даде оставка

Од:

Премиерот Зоран Заев уште еднаш го повика јавниот обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка.

Заев ова го стори и на првиот работен ден, по неговиот претходен повик кога беше избрана владата. Тој посочи дека Зврлевски треба ден поскоро да заврши со оставката за да се скратат роковите во редовна процедура.

Заев рече дека Зврлевски е еден од симболите на узурпирана правна држава и затоа според него е потребно за да се даде шанса за брз почеток на реформите во правосудството.

Премиерот најави и реизбор на судиите следејки ја европската пракса и очекува дека никој барем јавно нема да се спротистави на градење на независно правосудство.

Заев рече дека постои изграден став меѓу него и лидерите на коалициските партии за продолжување на мандатот на СЈО и најави дека преку собраниска процедура и дебата ке се обидат да го променат ставот на ВМРО – ДПМНЕ и дека и тие ќе гласаат за продолжување на мандатот.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска