(ВИДЕО) Заев повика на помирување за настаните од 27 април

Од:

Премиерот Зоран Заев ги повика пратениците на помирување за настаните од 27 април минатата година.

„27 април е прилика да си простиме. Знаете сите волјата на народот е напредна Македонија, да ги оставиме партиските игри за национален интерес. Го повикувам секој пратеник да направи логичен избор за иднината на земјата. Многу се поделивме, закрвавиме, поделено ни е општествот. Да кажеме стоп на делбите, државата ни е заедничка. На 27 април ќе се испоубиевме, сликите од крвовите стигнаа до сите. Еве прилика да си простиме, ајде да почнеме од тој април“, рече Заев на седницата за уставните измени.

Нема подобра можност, додаде тој, од оваа кога ѝ требаме на државата. „Ајде колеги од десната и левата страна да си подадеме пораки. Испраќам порака да си простиме за 27 април“, рече Заев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции