Заев потпиша документ за „Антикорупцисска политика–политика на интегритетот“

Од:

Во Домот на АРМ во Струмица денеска градоначалникот Зоран Заев, во присуство на Сејди Халили, член на Државната комисија за борба против корупција, Михаела Стојкоска од Секторот на владеење на правото при УНДП, општинската администрација и претставници на невладини организации го потпиша документот за „Антикорупцисска политика–политика на интегритетот”.

Како што истакна во своето излагање Михаела Стојкоска од секторот на владеењето на правото при УНДП, овој пилот проект се спроведува во 10 оштини во државава со цел по транспарентно трошење на буџетските средства, како и утврдување и спречување на можностите за појава на корупција.

– Владеењето на правото и законитоста, како и градењето на партнерски однос меѓу локалната самоуправа и граѓаните е дел од задачите на локалната администрација, која од своја страна е сервис на граѓаните и директна спона во остварувањето на барањата на граѓаните, рече Стојкоска.

За градоначалникот Заев, потпишувањето на документот е можност за докажување на подготвеноста на локалната самоуправа и администрацијата за транспаретно и одговорно работење.

– Со почитувањето и примената на правилата од овој документ, ние уште подецидно ќе ја докажеме нашата досегашна пракса на транспарентно, одговорно и законско работење. Сепак упатувам апел до секој граѓанин, невладина организација или стопански субјект да пријави и при најмал соннеж за било каква појава на коруптивност од страна на општинската администрација. Со имплетација на овој документ, ние на идните инвеститори им гарантираме сигурност во реализацијата на нивното право во нашата општина, рече градоначалникот Заев.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски