Заев: Поддржувам постапка за брзо обезбедување државјанство, но не може со сведоци

Од:

Ќе поддржам постапка за брзо обезбедување државјанство на оние досега констатирани 650 или 800 граѓани и колку и да се во иднина, кои на најбрз, но најпрофесионален начин, ќе ја потврдат причината за добивање државјанство. Но не може да се поддржи предлогот на Алијанса за Албанците со тројца сведоци да се добие државјанство, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

-Ја почитувам оваа најголема албанска опозициска партија. Но предлогот не е за поддржување зашто секој може да донесе тројца членови од неговото пошироко семејство да кажат и – готово. На крајот тоа може да биде обжалено и правно да падне. Двајца сведоци треба за брак и тоа е доволно, но за државјанство не може со сведочење зашто тоа е субјективно, рече Заев.

Додаде дека со прагматизам и меѓународната пракса од Обединетите нации и земји кои спровеле ваква постапка ќе се изнајде начин да се издадат државјанства.

– Извод од основно одделение, завршено четврто оддделение, деца кои завршиле основно, средно училипште, се што е познато во меѓународната пракса е доволен основ, а посебно ОН може многу да ни помогнат. Без какво било малтретирање, трчање по шалтери со документација да се дадат државјанства, рече премиерот.

Дел од овие луѓе, како што рече – стотици граѓани, веќе зеле државјанство според досега донесени решенија преку Службата за матична евиденција на Министерството за правда.

– Се покажа недоволно и затоа сега ја отвораме оваа дебата, што е доволно за да може да се добие државјанство. Најголем дел од тие граѓани се наши најсиромашни сограѓани Роми, после се Албанци, има и Македонци, и Бошњаци. Имаме од сите националности и тоа се наши граѓани. Ние живееме со нив, тие се тука и, за жал, досега немаат право на социјална заштита, здравствена заштита и на други државни придобивки, додаде Заев одговарајќи на новинарски прашања во Стајковци на настан по повод изградба на училишна спортска сала.

Би можело да ве интересира

Заглавени 20.000 државјанства, АНБ прави сложени проверки

Кристијан Ландов

Здружение на млади правници: Измените на Законот за државјанство нема да го решат проблемот со апатридите

Заев: Се прават консултации дали законот за државјанство може да се испрати во Парламентот со европско знаме

Ана Ололовска

Околу 2000 граѓани немаат државјанство, оваа тема не смее да се „киднапира“ во дневно-политички препукувања вели Османи

Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Ана Ололовска

Адеми: Албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде решение за законот за државјанство

Ана Ололовска