ВИДЕО: Заев побара правда од судиите, без одолговлекување на постапките и затвор за виновните

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од пред Судската палата на вечерашниот марш под мотото „Чекориме за правда“, рече дека очекува казни затвор за оние кои се огрешиле пред законот и слобода за оние за кои нема докази дека сториле кривични дела.

Тој побара од присутните да ги поздрават 80-те пратеници кои гласаа за донесување на Законот за јавно обвинителство, а беше поздравен со аплауз од присутните.

Заев ги уверува граѓаните дека сега судството треба да преземе одговорност, бидејќи, како што рече, нема повеќе нема влијанија и таканаречени „тефтерчиња“.

„Важно е што со овој закон политичарите нема да можат да именуваат и да бираат обвинители. Така што, ве уверувам, нема веќе тефтерчиња, а тие што се виновни за старите тефтери, ќе одговараат. Покажавме пред граѓаните дека имаме демократски капацитет за да создадеме силни и независни институции. Не само што забрзано чекориме кон правда, туку и кон европските интеграции. Покажуваме дека умееме и дека може да спроведеме реформи за државата. Сега, на ред е ЕУ и нејзините земји членки. Ние нашите ветувања ги исполнуваме, на ред е ЕУ да ги исполни нејзините ветувања“, рече Заев пред присутните.

 

Тој посочи дека судиите кои чуваат пресуди и предмети по фиоки спасувајќи криминалци, треба да одговараат. Лидерот на СДСМ вели дека народот бара правда, а судиите пак, не смеат да ги одолговлекуваат постапките.

„Ветивме подобар живот, правда, правичност, правна држава. Поминавме низ многу премрежја, а денеска имаме право да се радуваме, успеавме мој народ, успева нашиот народ. Кога ја преземавме државата во 2015 година, најзаробена беше правната држава. Остатоците од ‘сваровски судството’, беа најголеми кочничари. Патот до правдата е спор и тежок, но ‘сваровски судството’ сакаше дополнително да го оспори. Извршителот Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја кочеа правдата, за да ги заштитат криминалците од сопствените редови. На Мицкоски не му беше ништо важно, освен амнестија на Груевски. Денеска, тие се целосно поразени на темата правда“, додаде Заев.

Од пред судот Заев испрати порака дека СДСМ ќе биде гласна партија се до конечна правда. Тој кажа дека нема да престанат во обезбедување правда и одговорност и ги повика судиите, обвинителите и поротниците да се ослободат и да носат одлуки без страв.

„Судии, обвинители, поротници, ослободете се. Вие граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. Јас како индивидуа, но и ние во СДСМ не сме задоволни од правдата. Се што требаше Собранието и Владата да го направи, го направивме. Можеше да има и побрза правда, но требаше Заев да се јавува и да бара пресуди. Ние го ослободивме судството. Нека знаат судиите и обвинителите дека го ослободивме, но дека следиме. Затоа сме денес тука, легислативата е донесена. Овде сме со будното око да следиме и да чекаме правна разрешница на сите случи, таму каде што има докази. Очекуваме транспарентни одлуки“, посочи Заев.

Со излагањето на Заев, заврши маршот „Чекориме за правда“. Според СДСМ, на маршот учествувале над 15.000 граѓани, а свои обраќања освен Заев имаа и Џабир Дерала, граѓански активист и Соња Мираковска пратеничка во Собранието.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина