Заев по укинувањето на полицискиот час: Секој од нас сега има уште поголема одговорност

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку Фејсбук се обрати до граѓаните откако вечерва беше соопштено дека полицискиот час од утре се укинува.

„Време е за новата нормалност. Нашето општество мора да продолжи да функционира. Мерките се олабавуваат, надлежните институции потврдуваат дека епидемијата е под контрола. Вирусот ќе биде присутен подолго време и мора да научиме да живееме со него.

Граѓаните, секој од нас, сега има уште поголема одговорност. Битката не е завршена. Да бидеме внимателни и да се чуваме бидејќи со тоа ги штитиме нашите најблиски и го чуваме јавното здравје. Задолжително да ги почитуваме сите мерки – на тој начин спасуваме животи“, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите