Заев по повлекувањето на Шекеринска: Треба неа да ја прашате дали сака да се дистанцира од мене

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вели дека не знае дали Радмила Шекеринска сака да се дистанцира од него со најавата дека нема повторно да се кандидира за потпретседател на СДСМ. Според него, таа е негов најблизок соработник и е една од најзаслужните за членството на Македонија во НАТО.

„Радмила Шекеринска не поднесе оставка, таа најави дека нема намера да се кандидира за заменик претседател во следниот мандат. Ние заедно прифативме да го водиме СДСМ во едно многу тешко време. Шекеринска е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за преговорите со ЕУ. Јас ќе продолжам да соработувам. Верувам дека на многу заеднички проекти ќе соработувам. Шеќеринска ќе ја прашате дали се дистанцира од мене, таа е многу најблизок соработник. Еден од првите мои соработници. Немаме разговарано за амбасадорско место бидејќи таа е министер за одбрана. Би било невнимание да се разговара за тоа. Мислењето на Радмила за Зоран Заев, треба да го каже Радмила. Јас и Радмила, како и огромен процент на раководството се договоривме да го возобновиме, да дадеме шанса на нови ликови. Луѓето сакаат во 21 век нови инвентивности кои ќе го забрзаат растот на државата“, рече Заев.

Инаку, Шекеринска вчера соопшти дека добила прашање од општинската организација дали е кандидат за потпретседател и кажала дека не е. Таа објасни дека смета оти СДСМ и државата би оделе напред кога ќе продуцираат нови кадри.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари