(ВИДЕО) Заев: Парите се насочуваат кон граѓаните, нема повеќе расипничко трошење

Од:

Нема веќе расипничко трошење по луксузни скопски кафеани на државна сметка, нема повеќе граѓаните да плаќаат за министри и службеници за шопинзи по белиот свет, а луѓето од Делчево едвај до Скопје да стигнуваат по лоши патшта, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на вчерашниот митингот во Делчево. Тој истакна дека за еден месец државата заштедила 45 милиони евра и ги насочила кон граѓаните.

Заев рече оти со организација на водоводните претпријатија, се насочуваат повеќе пари кон граѓаните, а фокусот е ставен на стимулирање на инвестициите за домашните и странските претпријатија.

– Во Делчево ќе градиме филтер станица во која ќе се прочистува водата од Лошана, градиме водоснабидтелен систем во Ѕвегор, Нов Истевник, Делчево ќе добие современ затворен пазар. Ќе работиме сите заедно и централно и локално, Делчево да добие нов лик. Овоштарите на кои им измрзна родот оваа пролет ќе добијат обештетување ќе ги исплатиме сите 602 поднесени барања од земјоделците, потенцираше Заев.

Тој додаде дека на овие избори Македонија одлучува за својата иднина. – Дали продолжуваме напред во просперитетна и среќна земја со многу пријатели или се враќаме назад како излолирана земја. Делчево има шанса да шутира пенал и заедно да ги заокружиме промените и да го донесеме животот, истакна Заев.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски, вечерва пред делчевци најави реализација на неколку капитални проекти, изградба на улици во населбите Звегорска Река, Басарица, Пролет и Шумски Расадник,изработка на студија и проект за водоснабдувањето на туристичко-рекреативен локалитет Голак, реконструкција на прифатилиштето за бездомници во сопственост на општина Делчево, а во соработка со Владата, постапка за изградба на нов граничен премин кај Црната скала и изградба на патот Делчево – Црна скала.

– Отвораме врата и гласно порачуваме – носиме живот за сите во Делчево. Нашето место за живеење бара од нас да се издигне од маргините на општеството. Нашето родно место, сите нè обврзува да работиме заедно за да ја сочуваме иднината на градот кој со гордост го носи името на револуционерот Гоце Делчев, истакна Трајковски.

Претходно вечерва коалицијата „За живот во Македонија“ одржа митинг и во Берово и во Пехчево. Заев пред беровчани порача дека граѓаните отсега ќе кажуваат што ќе се гради и тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт.

Тој вети дека ќе изградат отворени општини, каде граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Берово, Ѕвонко Пекевски потенцираше дека ова не се само локални избори, ова се избори за инднината на нашите деца за иднината на Македонија како членка на ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он