Заев: Панчо Минов ќе гласа за уставните измени

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува пратеникот Панчо Минов од ГРОМ да гласа за уставните измени, но и оти се уште не може да каже дека се обезбедени потребните 80 пратеничките гласови.

– Пратеникот Панчо Минов ќе гласа, работеше на амандманите. Вграден е на три-четири пати во амандманите со неговата креативност во предлозите и тоа ќе биде составен дел во новиот Устав доколку се изгласа, изјави Заев по врачувањето на првото решение за овластен економски оператор во Владата.

Одговорајќи на новинарско прашање за позицијата на пратеничката Елизабета Канческа Милевска, Заев рече дека таа е длабоко навлезена во процесот, запознаена е со сите детали. Одлуката, вели, ќе ја носи лично таа, нејзината пратеничка група и секој пратеник поединечно.

– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, дополни Заев.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот