(ВИДЕО) Заев: Падна режимот во Македонија

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати пред насобраните луѓе пред Владата и рече дека според досега пребројаните гласови СДСМ има 52 пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ 51 пратеник.

„Опозицијата на СДСМ, заедно со граѓаните имаме еден мандат плус,чекаме резултатите водиме со 1 мандат повеќе, но почитувани граѓани радувајте се, славејте го животот, падна режим.

Нека разбере целиот свет, Македонија вика падна режим, со пенкало со глас,бидете среќни испишавте историја има што да им  кажете и на децата и на внуците, јас се гордеам со вас, Македонија е горда земја, среќна земја. Македонија.

Ги чекаме резултатите,  но трендовите може да растат не може да паѓа затоа, падна режим победи животот, почитувани граѓани, се историски моменти покажаме со многу трпение и многу посветеност му покажавме на цел свет но најважно ставивме печат на оваа наша мултиетнича Македонија, ќе биде слободна и ќе биде единствена, сплотена земја радувајте се, ова денеска што го постигнавме, мирен изборен ден со најсилното и најдобро оружје на 21 век, пенкалото в раце, победивме режим.

Од  денеска Македонија  отвара нова страница, нова убава страница за добри преспективи, за убава иднина за живот на сите нејзини граѓани денеска победивме сплотено здружено, единствено да живее Македонија.

Денеска од сите страни на Македонија, дојдоа победничките резулатати, не сте свесни што направивме, леле леле што направивме. Затоа само ќе кажам ние сме победници, ние треба да го славиме животот и затоа овде пред оваа влада каде што беше и 17 мај каде што беше и кампот на слободата каде што беа сите наши борби овде во главниот град каде што ечеше шарената револуција, граѓанскиот глас, овде исправен пред вас правам длабок поклон за вас затоа што Македонија ве има, затоа што тука се исправивме и победивме.  Да живеат сите граѓани на оваа наша мултиетничка Македонија, да живее Македонија“, им порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на насобраните луѓе пред Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците