Заев: Овој самит на НАТО е историски за Северна Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствува на Самитот на Северноатланскиот совет, истакна дека „ова е историски самит за Северна Македонија и оти стоиме рамо до рамо заедно со сите членки на НАТО и сведочиме за нејзиното единство“.

Заев рече дека пред нашите сојузници истaкнал оти „сме посветени на визијата за Балканот во 21 век како регион на мир и стабилност“.

-Посветени сме да изградиме нов Балкан со зајакната регионална соработка. Затоа е важно балканските земји да имаат јасни визии, рече премиерот.

Тој му се заблагодари на Столтенберг за креирањето на агендата 2030 и за широките консултации. Агендата, според Заев, навреме ги адресира промените и го прави НАТО подготвен за 21 век.

Претседателот на Владата Заев, заедно со лидерите на земјите – членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Шефовите на држави и влади на oвој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.

Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

-Лидерите на НАТО и на земјите членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни. На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот, соопшти претхдно владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ