А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Овој 1. мај е ден на нашата верба во живот за сите и сведоштво дека тоа е можно!

by А1он01/05/2017 - 11:28186
Share0

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот:

Добивај вести на вибер

„Бидете горди на нашата заедничка борба за правда, за квалитетен живот, за достоинствени работни места, за пристојни плати и пензии, за напредна Македонија.

Овој 1 мај 2017 година е ден на нашата истрајност и верба во живот за сите и сведоштво дека тоа е можно.
Заедно, сплотени, еден до друг, обезбедуваме демократска, слободна Република Македонија со економски и социјално стабилни семејства и граѓани.

Граѓаните на Македонија, како никогаш досега се одлучни да си ги добијат и одбранат своите права. Одлуката ја донесоа на 11 декември и таа се обврзуваме дека ќе ја реализираме до крај, преку формирањето на новата реформска Влада на граѓаните.

Правото да се биде заштитен и сигурен на работното место и трудот да биде соодветно почитуван и вреднуван се во центарот на секое современо и цивилизирано општество.

Само мотивирани работници може да ги развиваат претпријатијата коишто се двигател на економијата и ние на тоа планираме да се посветиме.

Република Македонија оди напред!

Овогодинешниот 1 мај најавува дека демократска Македонија ја враќа државата во рацете на работниците и на народот.
Среќен 1 мај, ден на трудот!“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

1 majsdsmZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:58

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто