Заев: Останувам да помогнам да се стабилизира мнозинството и ако може да се зголеми

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев доцна синоќа изјави дека на синоќашните седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата не се дискутирало ниту се одлучувало за неговите оставки на челните позиции во партијата и Владата, додавајќи дека останува „да помогне за да се стабилизира парламентарното мнозинство и по можност да се зголеми“.

– Слободата е убава работа. Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинството и ако може да се зголеми. Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество. Деновите се пред нас, секако тоа ќе го дознаеме сите, рече Заев по седниците на највисоките органи на СДСМ.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките се додека не се нормализираат процесите во државата. Заев оставките ги најави вечерта по одржувањето на локалните избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов