Заев: Оркестрирана дезинформација е дека 10 опозициски пратеници влегуваат во Собрание

Од:

„Опозицијата е единствена“, вака лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги коментира написите на некои медиуми блиски до власта дека десет опозициски пратеници ќе седнат во собраниските клупи.

„Се работи за оркестрирана шпекулација и дезинформација. Опозицијата е единствена. Јас имав средба со сите претседатели на опозициската коалиција“, изјави Заев за А1он.

Од СДСМ посочуваат дека текстовите се пишувани од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој проблемите ги бара еднаш во една, друг пат во друга опозициска партија.

Велат дека најавите за внатрешно разединување во партијата се само нечија желба и дезинформација.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски