(ВИДЕО) Заев: Одминати се голем дел од разликите, блиску сме до договор

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека се одминати голем дел од разликите кои ги имале со ДУИ.

– Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за 6 месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат, рече Заев.

Според него, лидерската средба ќе се случела порано, но им требале мислења и од експертите бидејќи сакале добри закони.

– Многу често експертите од СДСМ и од ДУИ седнуваат заедно. Уште вечерва ќе ги пренесам на работната група деталите за да може да продолжат со разговорите. На крајот или ќе има или ќе нема потписи. Јас сум тој што ги чека потписите, и со целиот ризик да не ги добијам Уставот во Македонија нема да се менува. Прилично сме блиску до договор, рече Заев.

Тој кажа дека се согласиле за рамноправна распределба на буџетите за сите општини во државата.

– Мислам дека и ДУИ неколку пати потенцираше, решенијата се во рамки на Уставот. Ние разговараме за уставноста на решенијата, вели лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО