Заев од Шуто Оризари: Ќе има достоинствен живот за сите

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се обрати пред граѓаните на Шуто Оризари и им порача дека Македонија ќе биде земја на еднакви можности за сите нејзини граѓани.

Тој им вети на граѓаните Роми дека ќе има достоинствен живот за нив, еднаков со оној на Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, Власите.

,,Македонија е земја мајка еднаква за сите нејзини граѓани. Понижувањата на ромскиот народ што власта на Никола Груевски со години ги правеше ќе завршат на 11 декември, затоа што овој народ е решен да си го врати животот. Ви ветувам достоинствено образование за Ромите, еднакво и квалитетно ќе ги мотивираме децата да се запишуваат и во средно и во високо образование. Ветувам еднаквост при вработување во администрација, никој повеќе нема да ви бара рекет, ќе се вградите и заедно ќе се избориме за вашите права” рече меѓу другото во Шуто Оризари, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он