А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев од Кичево: Со „бомбите“ мавав директно во чело кон криминалците на власт

by А1он23/11/2016 - 20:2824/11/2016 - 11:32148
Share0

Ајде да го отворам срцето овде во Кичево, иако имаме ливче со говор во џебот. Ќе ви каам една тајна – режимот ќе падне на 11 декември, ќе победиме. Со „бомбите“ мавав директно во чело кон криминалците на власт, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Кичево.

Добивај вести на вибер

– Квазипатриотот Груевски шири национализам, десет години е премиер, а повторно се обидува да го подели народот. Зборува за чувствителни теми кои мора да ги затвориме во 21 век. Светот се бори за економија, за среќен народ. Има ли иднина со делби и со поделби. Пријатели, мораме здружени, немаме друго освен оваа парче земја, која сите и Власи, и Тури, и Албанци, и Роми ја платија со крв. Во 21 век повторно зборуваме за слобода, затоа што имаме корупирани политичари. А, тави, само со национализам може да живеат. Треба да знаат, двојазичност и федерализација не одат заедно. Од лажење се изгубија – рече Заев.

Тој рече дека треба да се бориме за среќа на младите, да се радуваме на животот.

– Само луѓе кои нема што да понудат шират национализам .Вистинските патриоти се борат за да го направат среќен својот народ. Знаете ли дека Груевски од синоќа бил прекупиран со тоа, како ќе сме ги враќале парите во Македонија, се прашува како ќе враќаме 15 отсто од ДД. Прашува, зошто тоа не сум го правел како градоначалник во Струмица. Па, економисту Груевски, Владата, а не општините враќаат ДДВ. Нека замине сега во опозиција и нека види како се враќа 15 отсто од ДДВ. Не може Македонија да оди напред со сиромашен народ. Крпен живот живееме – рече Заев.

Гласот ми бил фатен, па две години викам: „Бандити и криминалци“, рече Заев пред насобраните кичевци.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен