Заев: Очекуваме датум за преговори со ЕУ во 2018, имаме поддршка од Бугарија

Од:

Отстранувањето на условената препорака на есен годинава и добивање датум за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ во 2018 година по сите преземени реформи, очекува премиерот Зоран Заев кој вчера и денеска престојува во официјална посета на Бугарија, каде што од официјална Софија доби поддршка на патот кон ЕУ.

dobivaj vesti na viber

На средба со новинарите во Софија, јави известувачот на МИА, Заев истакна дека Македонија, покрај работата на внатрешен план и реформите што мора да ги направи во државата, се надева и на позитиен исчекор околу проблемот што Грција го има со уставното име и изрази надеж дека навистина со новите перспективи што се отвораат во регионот ќе може да побараме, но и да добиеме и поддршка и помош од нашиот јужен сосед преку Парламентот, Владата, владејачките и опозициските партии.

– Знаејќи ги сите овие аспекти кои нас како граѓани на Македонија не направија долги години по малку фрустрирани поради долгото чекање пред вратите на ЕУ и НАТО, убедени сме дека веројатно долгото чекање има и свои причини за политичката криза што се случи во Македонија. Уверени сме дека нашите соседи и посакуваат добро на Македонија и на целиот регион и оправдано очекуваме поддршка од првите пријатели, тоа се нашите соседни земји, посебно земјите што се членки на ЕУ и НАТО, истакна Заев.

Тој потенцира дека Македонија отвори ново поглавје во соработката со Бугарија. – Видов искрена желба на еден наш сосед, кој важи за голем пријател во намерата да и помогне на Македонија да се придвижи кон ЕУ и НАТО. Бугарија може многу да и помогне на Македонија бидејќи еден дел од патот го има изодено пред нас и може со нас да го сподели искуството и грешките што ги има направено, потенцира Заев.

Истакна дека во Македонија постои сериозна определба конечно по 2005 кога добивме кандидатски статус да се придвижиме кон интеграцијата на ЕУ. Досега, рече, постоеше заладување на односите со Бугарија, најблаго кажано и тоа, според него, од исклучиво политички причини, кои вчера дефинитивно се отстранија и се отворија нови перспективи за соработка меѓу двете земји.

Очекува Владата на Бугарија да биде првиот партнер во интегративните процеси кон ЕУ и НАТО како сосед, и како што рече, по потпишување на договорот за добрососедство нема да има отворени прашања.

Во однос на договорот посочи дека очекува за едно прашање кое е останато и се однесува на употреба на збор да се најде решение, а за тоа, како што додаде, веќе е понудена солуција.

– На средбата со премиерот Бојко Борисов придружуван од двајцата министри за надворешни работи постојните четири отворени сегменти од договорот за добрососедство скоро и ги затворивме. По однос на трите се комплетно затворени и остана еден сегмент кој верувам дека ќе биде едно кафе пиење меѓу двајцата министри и тој договор да го потпишеме при возвратната посета на премиерот Борисов, како што соопштивме по заедничка желба на одбележувањето на Илинденското востание, рече македонскиот премиер.

Потенцира дека дополнителен исчекор е направен и во делот на отстранување одредени тешкотии што постојат во јавноста или резерви околу прашања кои се тема на дебата сите овие години наназад. Тоа, како што рече, се прашањата поврзани со историјата. – Веруваме дека историјата треба да остане на историчарите и од неа да користиме само позитивни аспекти. Се согласивме огромен дел од историјата дека е заедничка и заедно ја споделуваме и во тоа име одлучивме да изразиме почит и поклонение пред споменикот на историска личност која ги поврзува двете земји. Вчера го направиме чекорот и се поклонивме пред споменикот на Цар Самоил, а истото ќе го направиме пред споменикот од историјата што не поврзува во Република Македонија на 2 август, изјави Заев.

Тој истакна дека очекува интензивирање на соработката со Бугарија на сите полиња.

– Очекувам буквално од утре да видам бугарски компании за инвестирање во Македонија, а веројатно и македонски за инвестирање во Бугарија. Духот на пријателството очекувам да го следат младите преку концертите. Очекувам проекти подготвени од ИПА фондови во Македонија со помош и поддршка од експерти во Бугарија кои имаат успешност во таа работа, размена на искуствата во туризмот, енергетиката и искуството во зголемување на производството, рече Заев.

Во делот на енергетиката посочи дека гасоводот што го има Македонија во моментов и доаѓа од Бугарија не е искористен целосно и оти тие како Влада ќе направат напори да се зголеми употребата на природен гас во Македонија и оти ќе се продолжи со проектот за изградба на националниот гасовод што го почна претходната влада.

Одговорајќи на новинарски прашања Заев во врска со приемот на Македонија во НАТО под рефренцата ПЈРМ, рече дека тоа е решение што го прифаќа и генералниот секретар на НАТО Столтенберг и претставува решение за Бугарија и верува дека во добар дух и како добри соседи може да се најде решение со Грција да се одблокираат евроинтегративните процеси.

– Убеден сум дека и тие се исправени пред одлуката каков регион сакаат, што е подобро за Грција и нивните граѓани да остане Македонија заглавена или да ги користат сите бенефити што ги носи НАТО, рече Заев и додаде дека не мора веднаш да има решение со прашањето за името туку може со Грција да се договори да се отпочнат процесите за интегрирање.

Во врска со терминолгијата во учебниците по историја во Македонија, тој одговори дека тоа е едно од отворените прашања и оти постои консензус во Македонија сите нови изданија да ги отстранат сите грешки што создаваат непријатност која не е во функција за она за што се залагаме.

– Веќе се направени одредени прашања за таа соработка да расте и тоа и во минатото не само од новата влада. Има многу датуми што се чествуваат, се обновуваат одредени обележја кои се значајни и за нашата и за бугарската историја, рече Заев и додаде дека на историските личности гледа како одлична можност за зголемување на соработката меѓу народите, граѓаните и државите.

Запрашан за Специјалното јавно обвинителство, рече дека тој ги доставил материјалите што ги поседува, но изрази стравување дека е кратко времето за отворање на сите истраги. – Доказите постојат и тие се таму и не можат да исчезнат. И да не се продолжи рокот, овие докази постојат и верувам дека друго обвинителство или друг надлежен орган ќе ги преземе и ќе утврди дали постојат и материјални докази за да има обвинителни акти или се само индиции кои што ќе завршат намери кои никогаш не направиле кривично дело или злоупотреба на закон, рече Заев.

Потенцира дека во Македонија повторно ќе вадеат правото и правната држава и законот еднакво ќе важи за сите.

– Јас сакам граѓаните на Македонија, странските и домашните инвеститори секој наш граѓанин и секој што ќе дојде ако е правичен да добие право во секаква околност. А ако се огрешил пред закон да преземе одговорност. Тоа е насушно потребно ако сакаме да имаме перспектива, истакна премиерот Заев Заев и ги повика експертите да влезат во судството, а политичарите, како што рече, воопшто да не се мешаат во процесот на создавање независно судство.

Би можело да ве интересира

Кирил Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС

Ана Ололовска

Паралелно пребројување на 100 отсто: ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

Ана Ололовска

„Алфа Рисрч“: Седум партии во следниот бугарски парламент

Ана Ололовска

Социолози: Излезноста на гласачите во Бугарија е помала за 3 до 5 отсто во споредба со ноември 2021 година

Ана Ололовска

Според излезните анкети, ГЕРБ-СДС победува на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Ана Ололовска

Излезноста на парламентарните избори во Бугарија до 16 часот е 25,58 отсто

Ана Ололовска