Заев: Очекуваме датум во октомври, проширувањето може да оди паралелно со реформите во ЕУ

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува дека ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година ќе биде исполнето и оти земјава ќе добие датум за нивно започнување. Реформите во ЕУ, смета тој, можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот.

-Таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ во регионот и ќе биде препорака за земјите со кандидатски статус да ги продолжат реформите за остварување на европските стандарди и за да се охрабрат политиките што ќе им донесат просперитет, демократија и стабилност во регионот. Ја разбираме и ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот, истакна во своето обраќање премиерот Заев за време на работниот појадок на Самитот за Западен Балкан во Познањ.

Заев потенцира и дека посветеноста кон проширувањето ќе потврди дека регионот е од стратешки интерес за ЕУ, и оти со тие политики ќе се минимизираат интересите на трети страни.

Премиерот Заев, соопшти владината прес-служба, денеска ги почна своите активности од програмата на шефовите на влади на Самитот за Западен Балкан во рамките на годишната конференција која оваа година се одржува во Полска која претседаваше во изминатите 12 месеци со Берлинскиот процес за земјите од регионот, како платформа за европски дијалог и соработка за поддршка на политиката на проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Премиерот Заев и другите шефови на влади учесници на самитот, ги пречека премиерот на Република Полска Матеуш Моравјецки, по што заминаа на работен појадок.

-За време на оваа работна сесија од форумот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан, премиерот Заев се заблагодари за претседавањето на Република Полска со Берлинскиот процес, во период во кој е направен напредок во регионот и во период кога Република Северна Македонија ги оствари сите препораки на Европскиот Совет од јуни 2018 година, по што следуваше досега најсилната и безусловна препорака на Европската Комисија земјата да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ, се додава во соопштението од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он