Заев: Очекувам соработка со Алијансата за Албанците за реформите

Од:

Премиерот Зоран Заев, по најавата од лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, дека по донесување на законот за употреба на јазиците оваа партија ќе ја напушти владината коалиција, вели дека очекува продолжување на соработката за рефорите во државата.

Како што потенцира, не се оптоварува со тенкото мнозинство во Собранието, кое, според него, било здраво за Македонија, и не планира избори следната година, туку посветеност на ветувањата кон граѓаните.

– По најавата дека излегуваат од Владата останувам само со намерата дека ќе можеме да продолжиме да соработуваме за она што значи реформи, законот за јазиците, ратификацијата на Договорот со Бугарија, „двотретинските“ закони, за одговорноста за унапредување на севкупниот квалитет на животот во Македонија, рече премиерот Заев при денешниот престој во Прилеп, коментирајќи ја изјавата на Села.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп