Заев: Очекувам напредок по завршувањето на изборите во Бугарија

Од:

Македонскиот идентитет на македонскиот народ и македонскиот јазик апсолутно се величина како што се бугарскиот, германскиот, францускиот, италијанскиот, чешкиот, полскиот… Тоа е европска вредност и за такви вредности, ниту се разговара, ниту се преговара, порача од Тетово премиерот Зоран Заев и најави дека очекува напредок во разговорите со Бугарија по завршувањето на изборите кај источниот сосед.

Тој во одговор на прашање по отворањето на новата канцеларија на Државниот пазарен инспекторат во Тетово, посочи дека во моментов нема разговори со Софија, бидејќи се празници и најави дека по празниците ќе продолжат со изработка на акцискиот план.

– После празниците ќе одржиме координација со МНР, заедно со специјалниот претставник за Бугарија, професорот Бучковски, да продолжиме во делот на утврдувањето на акцискиот палан, а тоа е планот што го изработивме на наш предлог под раководство на министерот Бујар Османи за покривање на сите области од спортот, до инфраструктурата, образованието, културата, музиката, здравството, науката… Очекуваме повратен одговор од Бугарија, откако ќе завршат празниците заради тоа што очекуваме да го надополнат со нивни идеи, рече Заев.

Иако во Бугарија се пред избори, додаде премиерот, мислиме дека за добробит на двете страни, на политиката, на граѓаните и на државите би било секое понапредно реализирање на акцискиот план.

– Ќе продолжат и политичките контакти под раководство на двајцата министри за надворешни работи и реално очекувам напредок по завршувањето на изборите во Бугарија заради тоа што е нерационално да се очекува да се донесе некое решение пред изборите, посочи Заев.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи со пријателство и објаснување на, како што рече, сето она што претставува резерва или незадоволство од бугарската страна, кое често го викаат незадоволство од динамиката на реализација на Договорот за пријателство. Зaедничка е, посочи Заев, обврската на двете страни да обезбедиме инфраструктура која ќе овозможи повисок економски раст и развој.

– Се она што претставува кај нив незадоволство, ние ќе го објасниме. Сакавме побрзо да ја направиме железничката пруга на Коридорот 8, зашто е во интерес на целиот македонски народ и сите народи кои живеат во државата, но за жал динамиката не е онаква како што сакаме. Не може да се реализира за година до две. Земавме кредити имаме и грантови од ЕУ и ќе се потрудиме побрзо да ја реализираме. Но, се надевам дека и Бугарија ќе почне нешто да гради како преминот Клепало или железничката линија која треба да се изгради по бугарската граница, појасни Заев.

Се залагам, додаде тој, да има заеднички средношколски лиги на фудбал, ракомет, кошарка, за да ги зближиме младите и да градиме пријателство.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски