Заев: Очекувам министрите од опозицијата солидно и совесно да ја вршат својата работа

Од:

Верувам дека министрите кои се предложени од опозицијата во техничката Влада професионално ќе ја извршуваат својата работа, а на крајот будното око на јавноста е присутно. Слободата и демократијата се вгнездени во нашата земја и верувам дека под окото на граѓаните на кои им служиме и за кои што постоиме сериозно и посветено ќе ја извршуваат својата функција сите министри, рече денес во Струмица претседателот на СДСМ и досегашен премиер, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Истакна дека најважна задача е сите заедно да ги земат своите права, но пред се и одговорноста за реализирање на слободни, фер и демократски избори како што и прилега на земја која е во исчекување конечно да добие датум за преговори, идна членка на НАТО и верува дека сите заедно тоа можат да го постигнат,

– Верувам дека новите министри кои се на предлог на опозицијата ќе ја вршат совесно и солидно својата работа, заради тоа прво што рековме секој месец, секоја недела, секој ден се важни и зошто овој просперитет и прогрес да не го искористиме за да го унапредиме растежот да биде уште поголем, додаде Заев.

На прашање дали има важни законски решенија кои треба да се донесат до распуштањето на Парламентот на 12 февруари, лидерот на владеачката партија рече дека има многу законски решенија за донесување и сите се важни.

– Мене ми е драго и сум благодарен на Парламентот како досегашен претседател на Владата за донесувањето на законите кои имаат импакт или реализација од 1 јануари за да можат да течат сите процеси, за да може Фондот за пензиско да ги калкулира новите пензии, новите плати кои се покачени, минималната плата-сето тоа беше многу важно, смета Заев, кој присуствуваше на предбожиќниот хуманитарен базар, што го организираше Општинската организација на СДСМ од Струмица.

Според него, сега останува до почетокот на феврури да се донесат педесетина законски решенија и сите имаат своја важност.

– Сите закони се важни и верувам дека Парламентот низ дискусија и дебата ќе ги донесе без било какви опструкции заради тоа што на крајот одговорниста е пред граѓаните. Секако без се се може, но убаво е овие закои да ги имаме донесено за да може да не застане ниту еден процес и темпото на реализација биде уште подобро од 2019 година, бидејќи капиталните инвестиции се реализирани 78 проценти без малку и затоа сум среќен имајќи предвид дека минатите години не беа така добри. Потоа имаме реализација од околу 98 проценти наплата во буџетот, приходите во буџетот се зголемени за 8,2 проценти во споредба со претходната 2018 година и при тоа не се зголеми даноците или таксите и тоа е сериозен доказ за раст и развој на нашата економија и не треба да бидеме несериозни ова да го пропуштиме, потенцираше Заев.

Околу очекувањата од шпанскиот Парламент за ратификацијата на Протоколот за НАТО, претседателот на СДСМ истакна дека е важно граѓаните да знаат дека македонскиот Парламент навреме ќе ја донесе одлуката за прифаќање на Протоколот за ратификација.

– Верувам дека нашиот Парламент ќе ја донесе оваа одлука и ќе биде потпишан од претседателот на државата како што е редот, ќе биде објавен во Службен весник и ќе чекаме Шпанија да ја заврши својата постапка за ратификацијата за да може нашата ратификација од Собранието на Република Северна Македонија да биде последна во депонирањето во Вашингтон. Убави вести стигнаа од Шпанија. Гледаме дека таму планот за избор на новата влада е направен и на почетокот на следната недела, 6, 7 и 8 јануари верувам дека тие денови ќе може да се избере влада, а со тоа добива и овластен предлагач од Шпанија кон нивниот Парламент, а тоа е Владата. Верувам дека има време навистина до крајот на јануари и почетокот на февруари и Шпанија тоа да го заврши и станува многу извесно не само формално, туку и легално нашето членство во НАТО, така да кажам, и со тоа завршува целата постапка за прием во НАТО, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Ќе се укинува техничката влада, Мицкоски најави законски измени

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне