(ВИДЕО) Заев објави разговор во кој за судија се вели дека и го „испушил“ на Неделковска

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција објави снимки од разговори, за кои вели дека се меѓу Софија Лаличиќ и самостоен судски советник во РСС со Сашо Мијалков.

На овие разговори, вели Заев, се гледа дека Мијалков е главен во судството.

Мијалков, вели Заев и соопштува на Лаличиќ дека е избрана за судија заедно со Лидија Тупанчевска Петрова, за која Лаличиќ вели дека е братучедка на Тупанчевски.

„Таа и го испуши на Лидија, цело Сваровски и го купи, многу пушеше, голем лижог..ч е. Мене и на козметичар ме частеше“, вели, како што тврди Заев, Софија Лаличиќ.

Тој објави снимка за која тврди дека е меѓу Софија Костовска и Мијалков, на која, вели Заев, Костовска ќе му биде вечно благодарна на Мијалков, бидејќи средил да биде избрана за судија.

Разговор помеѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков

СМ: Што праиш?
СЛ: Ништо еве во Охрид сум.
СМ: Има снег?
СЛ: М?
СМ: Има снег?
СЛ: Многу.
СМ: Многу!?
СЛ: Многу, да.
СМ: Е па тоа е добро. Ќе памтиме дека со првиот снег некои работи се завршиле.
СЛ: Ме зезаш?
СМ: Да, ајде, со среќа нека ти е.
СЛ: За кога?
СМ: Понеделник.
СЛ: Ме зезаш?
СМ: Не те зезам, бе. Само не збори на никој, ништо.
СЛ: Не, не, не.
СМ: На никој. Само за себе држи си го ова.
СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?
СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?
СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?
СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.
СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.
СМ: А?
СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.
СМ: Аха. Иначе која е, како е она?
СЛ: Па на Тунапчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.
СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.
СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега…сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.
СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.
СЛ: И добро, друг?
СМ: Толку е што.
СЛ: Е па три места има.
СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.
СЛ: Што збориш бе?
СМ: Каква е таа, кажи ми?
СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи…
СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.
СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.
СМ: Таа утре ќе се сврти, а?
СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?
СМ: Што?
СЛ: За Вики, на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?
СМ: Не…
СЛ: Зошто?
СМ: Ама може да и завршиме.
СЛ: Дај бе завршете.
СМ: Она за каде е?
СЛ: Или за кај нас, или за некаде друго ставете ја жената. 53 години има, 62 годиште е.
СМ: А сега каде е?
СЛ: Самостоен советник е у Судски совет кај Александра.
СМ: Не е судија?
СЛ: Вики Арнаудова. Не.
СМ: Е па ја не знам по име, затоа.
СЛ: Таа е таа што збореа…
СМ: Добро де, има време до понеделник.
СЛ: Е така.
СМ: Има време до понеделник.
СЛ: Добро. Друго?
СМ: Нема ништо. Еве сакав да ти кажам, како што ти реков вчера.
СЛ: Одлично.
СМ: Така и денеска се заврши.
СЛ: Добро, е па сега живели ќе направам.
СМ: Па кога ќе се заврши работата ќе се частиме, ајде.
СЛ: Важи, договорено.
СМ: Ајде, чао.

Разговор помеѓу Светлана Костовска и Сашо Мијалков

СМ: Ало.
СК: Ало.
СМ: Светле, што праиш?
СК: Еве се спремам директоре.
СМ: Се спремаш а?
СК: Да.
СМ: Е па, сакав да ти кажам една работа сега. Ќе те бираме за судија или не те бираме?
СК: Како нема да ме бирате?
СМ: А?
СК: Јас би сакала да ме бирате.
СМ: Е па добро, јас средив работа да бидеш избрана.
СК: Да?
СМ: Да. Што значи ќе треба да ме частиш.
СК: Ееее, цел живот ќе Ви бидам должна.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски