Заев: Обидот да се блокира Собранието е опасно, срамно и неодговорно однесување

Од:

Премиерот Зоран Заев вечерва оцени дека обидите да се блокира работата на Собранието во услови на светска пандемија е опасно, срамно и неодговорно однесување. Тој ги повика пратениците од опозицијата да го преиспитаат својот став.

– Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата. Се обидуваат да блокираат носење на закони среде пандемија со коронавирусот, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите. Апелирам да се повлече ова бесмислено ставање сопки и кочење на работата на Парламентот и да се прифати можноста, како и насекаде во светот, за онлајн работа на далечина, напиша Заев на Фејсбук.

Нагласува дека народот има потреба од функционално Собрание и оти секоја политичка партија треба да ги застапува интересите на граѓаните.

– Упатувам порака да се преиспитаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и да одлучат, дали за нив, послушноста кон Мицкоски е поважна од граѓаните. Ние сме решени. Реформите мора да продолжат, како и поддршката на државата за своите граѓани, особено во ова тешко време. Граѓаните ќе добијат функционално Собрание. Реформите важни за државата, за граѓаните, нема да застанат. Напредокот ќе продолжи, помошта за граѓаните и економијата во справување со вирусот ќе продолжи, наведува Заев во фејсбук статусот.

Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е опасно,…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 1 December 2020

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“