Заев: Никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, Бучковски треба да биде мотиватор

Од:

Сите граѓани кои вистински се грижат, да ги осигурам дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Тоа е наше право на самоопределување, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Нашиот јазик, нагласи Заев, е признат во светот и ние сме Македонци и како пријатели на Република Бугарија и на бугарскиот народ, треба да продолжиме да го градиме пријателството.

– Ставот е јасен за сите. Ние сме самостојна нација, која што се развила како што се развивале паралелно сите други нации. Нашиот јазик е исто, како и другите јазици од словенско потекло. Потекнуваат од старословенскиот јазик, од старословенската култура, преку развивање на глаголицата од свети Кирил и Методиј и кирилицата од нивните наследници свети Климент и Наум Охридски. Имаме точно, дел од заедничка историја, која што ги поврзува двата народа и двете држави, од каде буквално се создаваат и македонскиот и бугарскиот јазик, па и српскиот и сите други словенски јазици вели Заев.

Само со почит едни кон други, рече Заев, можеме да постигнуваме договори кои ќе градат перспективи и пријателства.

– Преговараме за работите од каде почна проблемот. Долгото и краткото име. Дали Северна Македонија има аспирации кон Бугарија или не. Утврдивме дека треба да биде решено како во НАТО, така и во ЕУ, преку нота, во која потврдуваме дека Северна Македонија нема територијални претензии ниту ќе се меша во внатрешните работи внатрешните работи и во малцинските права. рече Заев.

Се разговара, нагласи тој, за стопирање на говорот на омраза, за фази и акциски планови за поуспешно имплементирање на Договорот.

– Секако бараме решението за јазикот, затоа што во преговарачката рамка се упатува на преведување на акито на македонски јазик и поради ова имаше рекција од Бугарија. Ние го имаме решението. За Бугарија македонскиот јазик значи македонски јазик согласно Уставот, за ЕУ македонскиот јазик е чиста работа. За нас бугарскиот јазик значи бугарски јазик согласно Уставот на Бугарија. Ама во 21 век да ставаме вакви билатерални клаузули навистина не е во ред и убаво е да се направи исчекор од страна на Бугарија, која што неколку пати кажува дека ја прифаќа реалноста, го признава македонскиот јазик и народ, но инсистира да го утврдиме минатото, изјави Заев.

Заев објасни дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

-Бучковски како специјален претставник на Владата треба да биде мотиватор за реализцијата на договорот. Преговорите ги води МНР на чело со министерот Бујар Османи, државниот секретар и кабинетот. Вклучен е и вицепремиерот за европски прашања кој е во контакти со европските министри задолжени за европски прашања и мојот кабинет со нашиот иден амбасадор во НАТО Дане Талески кој од почетокот е во овие разговори, рече Заев.

Тој истакна дека деновиве се прават напори да се изнајдат решенија, иако како што рече, постои можност да не биде усвоена преговарачката рамка, а со тоа да не се даде можност да се одржи првата меѓувладина конференција.

-Сепак стратегија на државата е дека треба да продолжиме да разговараме во најмала рака да создаваме атмосфера и да отрстрануваме пречки за следното лето. Но, ако може тоа да го постигнеме и сега би требало да правиме напори до последен момент, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“ АД, Скопје во населеното место Војшанци, Неготинско.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски