(ВИДЕО) Заев: Нема нови палома договори

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред влегувањето на пратениците од опозицискиот блок во Законодавниот дом, потсети дека пред година и три месеци изјавил дека Никола Груевски, мора да ја поднесе одговорноста за криминалните избори.

Соопштив, рече Заев, дека предвремени избори се можни, кога ќе се обезбедат нормални демократски услови.

„Побарав преодна Влада во 19 часот на денот на криминалните избори. Побарав и одвојување на партијата од државата, регулатива на медиумите. Кога го соопштив ова, имаше сомнеж дали опозицијата ќе опстои надвор од Собранието, и дали ќе има поткупување на пратеници. Една година потоа, Никола Груевски прифати се, оставка, специјален обвинител и преодна Влада“, рече Заев.

Денес, рече, по година и три месеци, нашите пратеници се повторно со нас за да ги соопштиме следните чекори.

„Со ова покажуваме дека го почитуваме договореното од 19.јуни. До 15.септември да се избере специјален јавен обвинител, кој ќе обезбеди владеење на правото и ќе ги превземе материјалите од прислушуваните разговори. На 20. Октомври да се избере преодна Влада, измени во изборното законодавство и правосудството. Да се изгласа оставката на Никола Груевски од премиерската функција.Мора да се испочитува рокот за избор на специјален јавен обвинител или договорот не е валиден. Нема нови палома договори“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема