Заев нема да говори на „Белградскиот безбедносен форум“ поради седницата за уставни измени

Од:

Премиерот Зоран Заев, иако беше најавен како говорник на последниот панел од „Белградскиот безбедносен форум“, заедно со српската премиерка, Ана Брнабиќ, сепак, нема да присуствува на форумот. Организаторите на настанот за “А1он”, потврдија дека премиерот во последен момент го откажал учеството на сесијата в петок.

Од Владата за „А1он“ велат дека причината за откажаното учество на Форумот е актуелната политичка состојба во државата.

„Во агендата на ПВРМ беше приведено негово учество на финалниот панел на Безбедносниот Самит во Белград, но премиерот Заев го откажа учеството поради актуелна политичка состојба во земјава односно важноста на постапката за отпочнување на уставните промени во Собранието на РМ“, велат од Владата.

Самитот во Белград се одржува осма година по ред. Годинава почна на 17 октомври и ќе трае 3 дена. Утре е предвидено да говорат Александар Вучиќ и австрискиот претседател, а в петок, српската премиерка Брнабиќ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ѕверски ја уби мајка си (69), па повика полиција

А1он

Во филмска акција во Нови Сад уапсен познат криминалец – десетпати и „побегна на смртта“

А1он

Силен земјотрес на југот на Србија

Зголемениот број Руси со српско државјанство претставува безбедносен ризик за ЕУ, предупредува Европската комисија

Катерина Ѓуровски

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита