Заев: Не се размислува за одложување на пописот

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува да се одложи стартот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

-Пописот е веќе договорен по барање на сериозен учесник во нашето општество, тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ тоа го прифатија и го одложивме пописот што ќе се спроведе од 5 септември до 30 септември, изјави Заев по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот посочи дека овие денови, на пресекот на одморите, на 15 август се прават дополнителни напори за да можат граѓаните да се пријават за спроведување на пописот.

-Апелирам уште еднаш до граѓаните, примањата се од 25.000 до 45.000 денари за овие 25 дена работа. Апелирам граѓаните посебно во општините кои Заводот за статистика ги објавува, каде има дефицит на луѓе да се пријават за да може да се заокружат навремено сите бројки. Верувам дека ќе имаме доволно попишувачи. Општествено, апелирам до сите, дали се институции, приватни фирми, пред се кон граѓаните, но и политичките субјекти да помогнат во обезбедување на вкупните бројки на попишувачи, рече премиерот Заев.

Заев потенцира дека од 25.000 до 45.000 денари е приходот за попишувачите, за 25 дена анкетирање. Потсети дека деталите веќе ги кажа директорот на Заводот за статистика.

-Пописот, не само што не смееме да размислуваме за одложување, тоа е наша обврска, наша должност. Сите сме заедно во оваа работа. Еве и опозицијата со своите барања, прифатена, вградена внатре, сите да спроведеме попис заради тоа што тоа е статистичка операција која е насушно потребна за сите наши економски планови и предвизвици кои ги имаме пред нас. И конечно по 20 години да ја спроведеме како статистичка операција, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Македонија има 18.897 неписмени лица, објавен трет сет податоци од пописот

Ана Ололовска