(ВИДЕО) Заев: Не ми паѓа на памет да изгубиме на изборите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не даде конкретен одговор на новинарско прашање доколку СДСМ изгуби на изборите дали ќе даде оставка од функцијата. Тој рече дека верува во чиста победа на изборите, затоа што тоа според него резултатите на сите анкети за рејтинзите пред изборите биле на страната на СДСМ.

„Не ми паѓа на памет дека ќе изгубиме, ние мислиме на победата, мислиме на вредностите. На овој начин не размислувам со ниту една ќелија од мозокот, нема да изгубиме, како ќе изгубиме. Ќе победиме на 12-ти април. Народот одлучува, тој ни даде мандат и кога ни го даде тоа право, носев одлуки. Расте економијата, земјава станува членка на НАТО, на патот кон ЕУ сме, да се радуваме на демократијата и како ќе одлучи народот, така нека биде. Најважно е да имаме слободни, фер и демократски избори и да биде како ќе одлучи народот. Народот одлучува еј! Јас сум верник и верувам дека луѓето одлучуваат со божја промисла. Тоа што е скроено во душата и во градите на луѓето, така и ќе одлучат. Ние треба да направиме се, да се претставиме како кандидати со нашите програми и на крај да си одлучи народот“, рече лидерот на СДСМ, Заев.

Според лидерот на СДСМ останува отворена можноста за средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи. Тој не одговори конкретно дали кон коалицијата ќе се приклучи оваа партија, но најави дека не против да одржи со лидерот.

„Како што кажав во партијата има состаноци се прават анализи се финализираат внатре партиските одлуки, кои ќе бидат соопштени на нашиот Конгрес. Засега немаме состанок одржано со лидерот на ДПА, доколку вечерва на состанокот заклучиме дека треба, може да имаме состанок со Тачи. Лично јас сум за состанок да поразговараме и да видиме што ќе произлезе од него“, рече Заев.

Прашан дали на листите ќе има кандидати на Беса, Заев рече дека штом е официјализирана коалиција на листите ќе биде и Беса. Колку пратеници ќе има од коалиционите парнери, а колку од СДСМ, како што соопшти ќе се знае после викендов кој ќе биде работен за партиското раководство пред претстојниот конгрес на 9 март во понеделник.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов