Денеска стоиме тука во Куманово, горди со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите државотворци. Во темелот на македонскатаа државност се вградени заложбите напорите и саможртвата на огромен број генерации. Генерации на борци кои не се штедеа себеси ниту својата младост и своите животи. Благодарение на овој самопрегор денес РС Македонија е меѓународно призната држава со сопстена армија, со државна валута и сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности, и настани во европските институции.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на централната прослава по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, што се одржа пред Спомен кострурницата во Куманово Одбележувањето на ваквите денови, рече тој, е најсилниот потсетник за вредностите кои не смееме да ги заборавиме, но и за патот по кој треба да продолжиме, а тоа вели, е европскиот пат, патот на демократските вредности.
-Нашиот повик борбата на сегашните генерации е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава во која младите имаат проспертетна иднина. Токму затоа ги постигнавме договорите. Токму затоа ги постигнавме договорот од Преспа со Грција и договорот со Бугарија, со кој С.Македонија направи пробив на меѓународен план. Сето ова се реализираше низ полноправното члелснтво во НАТО и со утврдувањето на почеток за преговори со ЕУ, како и низ градењето партнерски однос со нашите соседи, рече Заев.
Благодарение на овие договори, додаде тој, денес нашата држава е ценет и поскаувам партнер, успешна приказна која почна да го менува наративот на Балканот. Ова е, рече тој,од исклучително значење токму сега кога со сите држави од соседството – Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Грција, секојденвно заедно соработуваме во справување со пандемијата од Ковид-19.
-Како дел од НАТО семејството најмноќниот воен сојуз во светот нашата драва стана фактор и извозник на безбендост. Членството во НАТО ја редефеинираше нашата улога на меѓународната сцена и ни овозможи активно учество во широк спектар на безбедносни мисии нза колективна одбрана. Ги зацементиравме основите за зголемна стабилност и просперитет на нашата држава. Со члентвото во НАТО не сме повеќе сами. С.Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена под прашалник, ниту изолирана од светот, рече Заев.
Светот, рече меѓу другото премиерот Заев, го очекува неизвесна есен за справување со пандемијата во која не очекуваат многу предизвици и како и светот така и ние ќе се справиме сако ако ги почитуваме мерките, но и само ако сме здружени.
-Токму затоа од ова место на непокор и стремеж за слобода, сакам да испратам порака Ова е нашата битка денес имаме невидлив непријатил со кого очекувам да се избориме заедно – институциите и граѓаните, рече Заев.
Пред присутните се обрати и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Премиерот Заев ја предводеше и владината делегација која положи цвеќе на Спомен – Костурницата. Во делегацијата беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
На Спомен костурницата цвеќе положија и делегации на Собранието, на Сојузот на борците од НОБ, на Армијата, на делегации на градовите Куманово и Прилеп, од дипломатскиот кор и од парламентарните политички партии.