ВИДЕО: Заев наместо во Скопје, слета во Софија, Централниот одбор на СДСМ ќе започне без него

Од:

Премиерот Зоран Заев наместо на аеродромот во Скопје поради лошите временски услови слетал на аеродромот во Софија. Според информациите, владиниот авион повеќе од 30 минути кружел над Скопје, по што било одлучено да слета во главниот град на соседна Бугарија.

Вечерва се одржува состанок на Централниот одбор на СДСМ. Стартот на состанокот е закажан за 19 часот и според партиски извори, тој ќе започне без премиерот.

Како што најавија од СДСМ, на дневен ред на состанокот се повеќе точки поврзани со процесот на реформите и интеграциите и членството на Македонија во НАТО и ЕУ, политичката состојба во земјата и други внатрепартиски прашања. Исто така, се очекува Централниот одбор да донесе одлуки поврзани со отпочнувањето на внатрепартиската постапка за избор на кандидат за претседател на државата, како и избор на кандидати за градоначалници во трите општини за кои ќе се одржат локални избори оваа година.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски