Заев на трибина на Фондацијата Фридрих Еберт: Имаме аргументи за во новиот пакет за проширување на ЕУ да биде вклучена и Република Македонија

Од:

Во интензивната дводневна агенда на премиерот Заев и делегацијата на Владата на Република Македонија во состав Бујар Османи, Заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Никола Димитров, Министер за надворешни работи, Горан Сугаревски, Министер за транспорт и врски и Драги Рашковски, Генерален секретар на Владата на РМ, денеска беше вклучено и учеството на трибината на тема „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел.

Говорници на оваа дебата беа и Заменикот генерален секретар и Политички директор на Службата за надворешни политики на Европската Комисија КристофБелјар, и европарламентарката и Заменик претседател на групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Тања Фајон.

Пред голем број европски политичари од различни партии, дипломатски претставници во Брисел, претставници на академската јавност и на голем број тинк-тенк организации, премиерот Заев, во своето обраќање истакна дека Владата на РМ и ЕУ, вложија огромни напори за повторно враќање на Република Македонија на брзиот пат кон членството во Европската Унија, и дека се создаденипозитивнислучувањаподолгиот, порадидолгата и длабока политичка криза.

„Сега е време да ги искористиме овие напори.Ние продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја. Иако се соочуваме со сериозни предизвици во домашни услови. Имајќи го тоа на ум, апелираме до ЕУ да одговори со визионерски пристап и да обезбеди одлука за отпочнување на преговори за пристапување во првата половина од 2018 година“, нагласи Претседателот на Владата на Република Македонија на дебатата во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел во Брисел.

Премиерот Заев потенцираше дека владините политики имаат за цел да ја убедат Европската комисија, како наш партнер и водич за исполнување на македонската стратешка цел да стане членка на ЕУ, дека Република Македонија е најдобрата успешна приказна во 2017 година, и дека како таква, нашата земја може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа.

Во однос на покажаниот интерес на присутните на трибината на темата „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел, премиерот Заев информираше за процесот наостварувањето на точките од Планот 3-6-9 за итни реформи, креиран врз основа на препораките содржани во извештајот на групата експерти на ЕУ предводени од Прибе.

Премиерот Заев соопшти дека главниот фокус на Планот 3-6-9 во наредниот период е на судството, контрола на следењето комуникации, реформите во јавната администрација и доброто управување, како и другите, исто толку важни области.

Од аспект на очекувањата од новата стратегија за проширување на ЕУ, премиерот Заев истакна дека очекувањата на Република Македонија се дека процесот ќе биде колку што е можно поинклузивен, со отворање можност за секоја земја да напредува колку што е можно побрзо во процесот на пристапување, врз основа на сопствените заслуги.

„Република Македонија ќе се стреми да се израмни и да влезе во групата предводници во тој процес. Ние сме во таков процес повеќе од 12 години. Добро ги познаваме инструментите на политиката за проширување. Можеме лесно да се израмниме.Треба да бидеме во пакетот. Тоа ќе не стабилизира подолгорочно и ќе отвори перспективи“, истакна Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на трибината на тема „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел.

Премиерот Заев нагласи дека очекувањата од ЕУ се силно да биде потврдена посветеноста на проширување со земјите кандидати за Западен Балкан, како што беше направено во Солун во 2003 година и да се постави предвидлива временска линија за пристапување, доколку се исполнети критериумите.

Од страна на Владата на Република Македонија, постои јасна и неспорна посветеност и енергија за испорака на аргументи, рече премиерот Заев.

„Вистинските испораки на резултати се нашиот билет, без кој не можеме да побараме да очекуваме одлука за започнување на преговорите за пристап.Вложуваме напори за повторно воспоставување на Република Македонија како кредибилен партнер на своите меѓународни пријатели“, истакна премиерот Заев во своето обраќање на трибината во Брисел.

Заменикот генерален секретар и Политички директор на Службата за надворешни политики на Европската Комисија КристофБелјар, и европарламентарката и Заменик претседател на групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент Тања Фајон, на оваа трибина ја истакнаа позитивната приказна на Република Македонија, како и нејзината улога во регионот, и нагласија дека очекуваат позитивен исчекор на Европската Унија во однос на отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ на нашата земја.

Би можело да ве интересира

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација