Заев на средба со новиот германски амбасадор Герберих: Поддршка од Германија за реформите и развивањето на односите со соседите

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Томас Герберих, новоименуваниот амбасадор на Република Германија во Република Македонија.

„Се случува позитивен охрабрувачки развој на Република Македонија предводен од новата Влада во Македонија. Охрабрува реформската посветеност на Владата за обезбедување квалитетен живот на граѓаните и колку добро ги развивате односите со соседите за што имате имате отворена поддршка од Република Германија. Исто така, ви честитаме, како премиер, како ги решавате отворените прашања“ е силната порака што ја испорача германскиот амбасадор Герберих, на премиерот Заев попладнево.

-Владата е цврсто определена да води грижа за сите граѓани низ инклузивни политики и на тој начин е дефиниран и се реализира Планот 3-6-9. Со сите 5 соседи на Република Македонија ги продлабочивме пријателските односи на принципиелна и конструктивна основа. Очекуваме на есен овие напори на Владата во соработка со граѓанската, општествената и политичката јавност да резултираат со повлекување на условеноста на препораката за отпочнување преговори со ЕК, а во скоро време Македонија да добие и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Исто така сметаме дека се реални нашите очекувања за напредок на Македонија во НАТО интеграциите, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев и германскиот амбасадор Герберих констатираа дека постои голема економска соработка помеѓу Македонија и Германија. Премиерот Заев се заблагодари за економската поддршка од Република Германија на нашата држава преку постоечките инвестиции, а амбасадорот Герберих најави дека економската поддршка ќе продолжи и ќе се зголеми.

„Република Германија останува голем пријател и поддржувач на евро-атлантските апсирации и добрата иднина на граѓаните на Република Македонија“, пренесе амбасадорот Герберих.
На средбата премиерот Заев го потенцираше ставот на Владата за мирни, фер и регуларни избори и потребата од посветеност на сите кон оваа определба, со цел да се потврдат на дело отворените демократски процеси во Република Македонија, што наидоа на силна поддршка од домашната и меѓународната јавност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Драма на фестивал во Германија: Експлодира плинска боца, има повредени

Горан Наумовски

АфД е пред историска победа, Мерц е под силен притисок пред клучните избори

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

А1он