Заев на состанок на европските социјалисти во Софија

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, учествува на дводневниот состанок на Советот на европските социјалисти – ПЕС кој се одржува во Софија, Република Бугарија.

Како што соопшти опозициската партија, на состанокот на највисокото тело на ПЕС, акцентот бил на отворањето на повеќе работни места за младите во цела Европа, но и на индустриската политика која ќе ја застапува европската левица.

Лидерто на СДСМ Заев се сретнал со новиот бугарски премиер, Пламен Орешански, а на средбата станало збор за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Заев, според партиското соопштение, побарал поддршка од Орешански за Македонија да направи исчекор кон ЕУ, односно да добие датум за почеток на преговори.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, на состанокот побарал итни реформи на Европската унија заради граѓаните на цела Европа и пред се заради младите.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он