(ВИДЕО) Заев: На почетокот на наредната недела Македонија ќе има нова Влада

Од:

Мандаторот и лидер на СДСМ, Зоран Заев од Брисел најави дека идната недела Македонија ќе има нова влада.

– Можам да кажам дека со сите партии освен БЕСА сме многу поблиску и за кадри и за ресори. Со БЕСА се уште разговараме за тоа. Ќе се обидеме до крајот на неделата да испратиме предлог до Собранието, рече Заев.

На новинарско прашање, тој рече дека доколку во петок се достави предлог до Собранието, на почекотот на наредната недела Македонија треба да има нова Влада.

Тој кажа дека со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, разговарале за регионалните проекти, за поддршката за инфраструктурните проекти, за отворените билатерални прашања кои постојат, а би биле пречка за унапредување на земјите и најважно, да се зајакне соработката.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски