Заев му ја честиташе наградата „Блаже Конески“ на професорот Фридман

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска го прими д-р Виктор Фридман, овогодишниот добитник на наградата „Блаже Конески“, што му е доделена во рамките на одбележувањето на 50 – годишнината од основањето на МАНУ.

Како што соопшти владината прес-служба, честитајќи за добиената награда, премиерот му се заблагодари на професорот Фридман за долгогодишната истражувачка работа и промоција на Македонија и македонскиот јазик, и изрази подготвеност, од името на новата Влада, да бидат поддржани идеите на професорот Фридман за неговите идни проекти во полето на неговата експертиза.

– Секаде каде што можеме, ќе ве поддржиме во вашата понатамошна работа. Вие многукратно сте ја докажале вашата љубов кон Македонија и македонскиот јазик, и затоа ќе ги изнајдеме начини да ви помогнеме во реализација на вашите понатамошни идеи, рече премиерот Заев.

Двајцата разговарале и за посилна поддршка на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при Македонската академија на науките и уметностите, како и за отворање на центар за балканска лингвистика во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Професорот Виктор Фридман, повеќе од 30 години се занимава со лингвистиката на Балканот, а од 1994 година е член на МАНУ надвор од работниот состав.

Би можело да ве интересира

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски