Заев: Можни се законски измени за справување со бездомните кучиња

Од:

Премиерот Зоран Заев најави можни законски измени за справување со бездомните кучиња по последната трагедија што вчера се случи во Гостивар кога 17-годишна девојка падна и се удави во водите на Вардар бегаќи од куче скитник што ја нападнало.

– Законите што ги имаме се комплицирани и со европски стандарди како се обезбедува згрижување на бездомните кучиња што многу тешко може да ги постигнат општините. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животот на животните, а Република Македонија ќе може да го спроведе, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување на договорите за модернизација на преносната мрежа меѓу МЕПСО и пет компании во Владата.

Како поранешен градоначалник, додаде, имам лично искуство во справувањето со бездомните кучиња.

– Општина Струмица плаќаше огромни суми на компании од Богданци и Битола, бидејќи во Струмица немаше центар за згрижување на кучињата скитници согласно стандардите, односно со почитување на правото согласно Законот за заштита на животните. Вакви згрижувачки центри има ретко низ градовите во Македонија. Имаме во Скопје, но треба да го подобриме. Мораме да создадеме начин како тоа да се организираме, да ги заловуваме кучињата кои растат во огромен број. Надлежноста е кај општините, но државата мора да поведе грижа, бидејќи тие немаат капацитети. Еден од начините е преку промена на законодавството за да можат тоа да го реализираат општините согласно нивните капацитети, а неопходно е и повнимателно слушање на ветеринарите и експертите и спроведување на нивните укажувања, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев